„ Политика, не коментирам“, кратко одговори обвинителот Ислам Абази за повиците на власта да си поднесе оставка од функцијата раководител на ОЈОГОКК.
„Како раководител на Обвинителства никогаш не сум се мешал и влијаел врз обвинители за истраги. Никогаш не сум вршел притисок. Секој обвинител е независен во водење истраги и тоа сум го почитувал. Сите обвинители на кои сум им бил или сега сум раководител можете да ги прашат за тоа дали влијаам или вршам притисок, а многумина веќе пред Вас го кажале истото“, рече денеска Абази.
Мандатот на Абази му завршува во ноември годинава.
