Вести Македонија Најважни

Кокаин закопан во земја пронајден во село Босилево

Кокаин закопан во земја на локацијата викана „Топо“, во атарот на селото Босилово, открија полициски службеници од СВР Струмица по спроведена акција и добиени оперативни сознанија. Дрогата била пронајдена и ископана со помош на работни машини, а по целосното документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Струмица е поднесена кривична пријава против три лица.

Станува збор за дваесет и шестгодишниот И.Ѓ. од селото Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. 33 години од Гевгелија и В.С. 51 од Струмица, кои се осомничени за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, првопријавениот, 26 годишен од Ново Конско  ја организирал набавката на кокаин, по што во договор со второпријавениот 33 годишен гевгеличанец било организирано транспортирање на дрогата до Струмица. П.Ч. со своето возило го извршил транспортот, а наркотикот потоа му бил предаден на третопријавениот В.С.

Откако го презел кокаинот, В.С. го сокрил така што го закопал во земја на оддалечена локација кај Босилово, со цел да избегне негово откривање. Сепак, по преземени оперативни и истражни мерки, полициските службеници успеале да ја лоцираат скривницата и да ја пронајдат дрогата.

Од СВР Струмица информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против тројцата осомничени е поднесена кривична пријава, а надлежните институции продолжуваат со дополнителни активности за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Дејан Дејан

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе