Вести Македонија

Перење пари и злоупотреба на јавна набавка за мазут – за што беа осомничени Капушески, Јахоски, избеганиот Ковачевски, Сулкоски, Муча

Истрагата за злоупотреби на набавка на мазут за која денеска Обвинителството соопшти дека е запрена започна во март минатата година а со која беа опфатени повеќе лица меѓу кои екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски; сопствениците на РКМ чиј основач е  Ратко Капушевски кој исто така беше приведен и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски (син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски).

Истрагата беше насочена во три правци, првата е начинот на добивањето на јавните повици за набавка на мазут, распишани од ЕСМ, преку честото менување на тендерските услови за да се фаворизира понудувачот РКМ.

Се истражуваше и начинот на складирање, начинот на испорака и злоупотреби при овие фази од набавката на мазутот која беше во висина од повеќе десетици милиони евра. Овие наводи беа дел од новинарските истражувања на емисијата КОД на Телма за одвивање на јавните повици, како се пријавувале складишта кои не ги исполнувале условите распишани со јавниот повик.

Според истражувањето  при секое зголемување на цената  цистерните со мазут чекаат до полноќ пред ТЕЦ да почне да се користи новата цена за да влезат внатре.

Македонските камионџии биле убедувани да чекаат и по неколку часа до полноќ со тоа што им биле давани по 25 евра. Парите ги давал човек со голф кој пред капиите на ТЕЦ чекал и им кажувал и на возачите на цистрените да чекаат за тие 25 евра.

Математиката покажува дека при покачување на цената разликата е  речиси 500 евра за само една цистерна со 25 тони мазут. (25.000 kg x 1,183 денари покачување = 29.575 денари).

При оваа пресметка се покажува дека од разликата која се исплаќа од државниот буџет наполнет со парите на граѓаните, добавувачот добива 95% од разликата со новата цена, а камионџијата добива само 5%. (475 наспроти 25 евра).

Пред ТЕЦ Неготино, знакот покажува дека за истовар на мазут се врти во лево. Долу пред влезот кој беше отворен стоеше една цистерна во која немаше никој. Возевме и по околните патчиња кои се скришни доколку возите брзо по автопатот Скопје-Гевгелија.

На еден дел, половина километар оддалечена од влезот во ТЕЦ стоеше паркирана уште една цистерна. Со мазут, а без шофер. И двете цистерни беа од иста транспортна компанија. Полека се заокружуваше приказната. Единствено го немаше возачот кој дава по 25 евра на секој камионџија за да почека да дојде полноќ и новата цена на мазутот.(продолжува по видеото).

КОД го откри и прикажа начинот на формирање на високата цена на транспорт на мазутот кој се плаќа исто така од буџетот, но и таканаречените полноќни испораки на мазут во ТЕЦ Неготи

Вториот правец на истрагата беше проверката како за јавниот повик е добиена банкарската гаранција за РКМ затоа што таа фирма немала доволен финансиски капацитет и не прикажувала високи приходи. Во денешното соопштение, ОЈОГОКК вели дека нема докази за злоупотреби при набавките во целост, меѓу што спаѓаат и соодветни гаранции.

-Од доказите произлезе дека предметните постапки за набавка на мазут се спроведувани во услови на прогласена енергетска криза од страна на Владата на РСМ и согласно законските исклучоци предвидени во член 23 од Законот за јавни набавки, со цел обезбедување непречено производство на електрична енергија, соопшти денеска ОЈОГОКК.

Откако беа склучени зделките,  банкарските гаранции се поврзуваа со смената на сопственоста во РКМ, каде сопственик покрај Капушевски станува и Ерџан Сулкоски, поранешен вработен во Пуцко и жител на Пласница. И Сулкоски беше опфатен со истрагата.

Третиот правец на истрагата е утврдување каков квалитет бил мазутот кој се увезувал и дали ги задоволувал еколошките критериуми. Постоеја сомнежи за големо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето бидејќи на почетокот на рестартирањето на ТЕЦ Неготино за да произведува струја од мазут, имаше случаи кога филтрите на погонот се заглавувале од валкан мазут.

Обвинителството бараше вештачење на мазутот во лаборатории надвор од Македонија, но во денешното соопштение овој сегмент со загадувањето не е спомнат.

Дополнително се истражува дали цистерните испорачувале само мазут или биле дополнувани со вода после што не биле проверувани. Со истрагата се опфатени и неколку возачи.

По акцијата, на Капушевски и на Јахоски им беше одреден притвор, а Васко Ковачевски веќе беше избеган.

(Видео) И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која се приведени Капушевски и Јахоски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Дејан Дејан

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе