Вести Македонија Топ вести

Дури 93 проценти од возачите на тротинети прават прекршоци, покажа истражувањето на Техничкиот факултет во Битола

Само 7 проценти од возачите на електрични тротинети ги почитуваат  сообраќајните правила и прописи,  покажа  истражување на Техничкиот факултет во Битола и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од анализирани 1.320 возачи, дури 93 проценти направиле прекршоци.
Повеќе од 50 проценти не ја почитувале  дозволената бризна, заштитна опрема, односно шлемови,  носеле  само 20 проценти од возачите. Загрижува и фактот  што се  почесто електричните тотинети ги управуваат  малолетници  под 14 години,  колку што е закнскиот минимум.   Експертите се категорични дека државата не е  подготвена за интеграција на овие возила  во сообраќајот

 

Како општество дозволивме овие возила многу брзо да станат дел од сообраќајниот систем, а притоа не сме подготвени ниту инфраструктурно, ниту законски, ниту едукативно. Во повеќето градови нема доволно велосипедски патеки, па возачите на тротинети често се движат по тротоари или директно на коловоз, што претставува опасност и за нив и за останатите учесници во сообраќајот“, изјави проф. д-р Зоран Јошевски.

Стручната јавност смета   дека се неопходни законски измени, подобра инфраструктура и поголема едукација и на децата , но и на возрасните.

 

-Неминовно е законот да претрпи одредени корекции. Потребно е да се допрецизираат правилата и прописите под кои овие учесници ќе можат да учествуваат во сообраќајот , на кои површини ќе се движат, со која брзина и која ќе биде минималната возраст за управување“, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во текот на 2025 година регистрирани се 147 сообраќајни незгоди во кои учествувале електрични тротинети. Една незгода е со жртва, 32 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 112 со полесни повреди. Само во првото тромесечје од 2026 година се евидентирани 12 вакви несреќи. 
 
новинар Емилија Мисирлиевски
снимател Златко Јосифовски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Александар и Мартина годинашни младенци на „Галичка свадба 2026“

Дејан Дејан

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе