–Како општество дозволивме овие возила многу брзо да станат дел од сообраќајниот систем, а притоа не сме подготвени ниту инфраструктурно, ниту законски, ниту едукативно. Во повеќето градови нема доволно велосипедски патеки, па возачите на тротинети често се движат по тротоари или директно на коловоз, што претставува опасност и за нив и за останатите учесници во сообраќајот“, изјави проф. д-р Зоран Јошевски.
-Неминовно е законот да претрпи одредени корекции. Потребно е да се допрецизираат правилата и прописите под кои овие учесници ќе можат да учествуваат во сообраќајот , на кои површини ќе се движат, со која брзина и која ќе биде минималната возраст за управување“, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
