Вести Најважни Свет

Јас сум во Америка, напиша полскиот министер по најавите од Маѓар дека ќе ги екстрадира сите криминалци од Унгарија

Јас сум во САД. Пристигнав вчера“, потврди Зиобро за полската десничарска телевизија „Република“, откако избега од Унгарија.

Зиобро, кој минатата година доби азил од владата на десничарскиот сојузник Виктор Орбан, се соочува со казна затвор до 25 години во Полска доколку биде осуден по обвиненијата против него.

Тие вклучуваат злоупотреба на моќ, водење организиранa криминалna група и злоупотреба на средства  за купување израелски шпионски софтвер „Пегасус“, наводно за следење на политичките противници.

Зиобро ја напушти Унгарија непосредно пред формирањето на новата Влада на новиот премиер Петер Маѓар кој рече дека Унгарија повеќе нема да биде депонија за меѓународно барани криминалци“.

Според медиумите во Полска Зиобро има американска виза од Доналд Трамп. Полските власти најавија дека ќе побараат негова екстрадиција од САД.

„Нема да престанеме со напорите да се осигураме дека тој и г-дин Марчин Романовски ќе бидат одговорни пред полскиот правосуден систем. Доколку се потврди дека Зиобро е во САД, тогаш (Полска) ќе побара негова екстрадиција.“ соопштија полските власти.

Петер Маѓар навести можна екстрадиција на Груевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе