Јас сум во САД. Пристигнав вчера“, потврди Зиобро за полската десничарска телевизија „Република“, откако избега од Унгарија.
Зиобро, кој минатата година доби азил од владата на десничарскиот сојузник Виктор Орбан, се соочува со казна затвор до 25 години во Полска доколку биде осуден по обвиненијата против него.
Тие вклучуваат злоупотреба на моќ, водење организиранa криминалna група и злоупотреба на средства за купување израелски шпионски софтвер „Пегасус“, наводно за следење на политичките противници.
Зиобро ја напушти Унгарија непосредно пред формирањето на новата Влада на новиот премиер Петер Маѓар кој рече дека Унгарија повеќе нема да биде депонија за меѓународно барани криминалци“.
Според медиумите во Полска Зиобро има американска виза од Доналд Трамп. Полските власти најавија дека ќе побараат негова екстрадиција од САД.
„Нема да престанеме со напорите да се осигураме дека тој и г-дин Марчин Романовски ќе бидат одговорни пред полскиот правосуден систем. Доколку се потврди дека Зиобро е во САД, тогаш (Полска) ќе побара негова екстрадиција.“ соопштија полските власти.
