Вести Свет Топ вести

Хантавирус: Патниците од крузерот евакуирани од Тенерифе во националните престолнини

Eвакуираните од крузерот погоден од Xантавирус, кои беа пратени во Велика Британија се пристигнати во болницата каде што треба да бидат изолирани.  Властите на Велика Британија соопштија дека 22 британски државјани треба да бидат вратени од Канарските острови со чартер летот.

Тие ќе бидат задржани во карантин во болницата најмалку 72 часа, по што ќе бидат замолени да се самоизолираат дома уште 72 дена, соопшти агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија.

Француски патник пак од крузерот  каде беше регистриран хантавирус, развил симптоми за време на летот кон франција, соопшти францускиот премиер .

Тој изјави дека патникот веднаш бил ставен под медицински надзор, а останатите евакуирани патници се следат од здравствените власти.

Крузерот претходно беше евакуиран на канарските острови по појавата на неколку случаи и три смртни случаи поврзани со вирусот.

Евакуирани се 140 патници од крузерот, во операција без контакт со локалното население. Здравствените служби потврдија дека сите патници ќе одат во 42 дневен карантин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе