Вести Македонија Топ вести

Лицата со атипичен развој недоволно видливи за државата

Дени е 20-годишна девојка, една од многуте лица во Македонија, со атипичен развој. На денешниот настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој, таа истакна дека за неа е потреба да го продолжи своето образование и испрати апел до институциите да обезбедат повеќе асистенти за овие луѓе.

Во организација на здружението „Аутизам ААМК“ кое истакна дека, и покрај промените, предизвиците на овие лица и натаму постојат. Пораката која ја испратија беше дека сите лица треба да бидат заедно.

И за родителите на лицата со атипичен развој предизвиците се секојдневни. Од неприфаќање, осуди и критики, па се проблеми во образованието и здравството.

Дени, која сака да стане професорка по македонски, е лице со аутизам. Во Македонија секоја година расте бројот на овие лица. Според процентите на Институтот за јавно здравје, регистрирани се околу  1.000 до 1.500 деца со официјална дијагноза, но претпоставките се дека оваа бројка е многу поголема.

Софија Бислимоски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе