Вести Македонија Топ вести

Градежниот шут од Тетово, наместо на соодветна депонија, завршува на планините

Градежниот шут од Тетово и околните села и натаму завршува на диви депонии надвор од населените места, пред сè, во природа и во планинските предели. Ваквиот вид отпад се остава дури и на подрачјето на Националниот парк „Шар Планина“, па освен што ги нагрдува природните пејзажи го загрозува и заштитеното планинско подрачје.

Градоначалникот на Тетово вели дека комплексните процедури се причина за изнаоѓање на соодветна локација само за градежен шут, што е неисполнета обврска на општините од Полошкиот регион.

„Работиме во тој дел. Уште немаме добиено студија. Од моментот кога ќе имаме студија за животна средина ќе продолжиме со натамошните постапки да обезбедиме посебна локација за депонирање и третирање на шут“, изјави Билал Касами, градоначалник на Тетово. 

Само на едно место да се расчисти ваков вид на отпад, тоа значи собрани повеќе тони градежен шут. Но, надлежните немаат изречено казни. Се надеваат дека ќе се зголеми свеста кај населението.

„Денеска не сме собрани тука само за чистење на отпад, туку и да пренесеме една порака за подигање на свеста кај локалното население, кај граѓаните, дека треба да се грижиме за сите заедно, за природата, за оваа една од најубавите точки, би рекол, на Шар Планина, бидејќи никој од страна нема да дојде до го чисти, ако тоа ние сами тоа не го правиме“, вели Евзал Елмази, директор на Национален парк „Шар Планина“. 

Според членот 54 од законот за управување со отпад, правните и физички лица, кои при изведување на градежни работи создаваат инертен (градежен) шут, се должни самите да го соберат и транспортираат отпадот на локации определени од општините или да ги предадат на овластени правни лица кои транспортираат отпад.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе