Вести Македонија Топ вести

Денот на Европа искористен за пораки за евроинтеграциите, но и за нова кавга меѓу власта и опозицијата

Со инспиративни пораки за европската иднина на Македонија, надополнети со порака за неправдата која притоа и се прави на земјата, но и меѓупартиски навреди и кавги, беше одбележан 9 Мај, Денот на Европа во земјава. На централната свеченост пред Споменикот на ослободителите на Скопје, евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас, рече дека Денот на Европа е ден кога мора да се подвлече стратешката важноста на проширувањето на Унијата, за да се обебеди долгорочен мир, просперитет и безбендост на континентот, но и геополитичка отпорност, зајакната енергетска независност и јакнење на заедничките европски вредности.

„И знаеме дека заедно со помошта на сите вас и со тековните реформи, ние ќе успееме да го направиме одлучувачкиот чекор напред за да ја донесеме земјата онаму каде што припаѓа, во семејството на Европската унија“, е пораката со која го заврши Рокас своето обраќање.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, рече дека европската интеграцијата е единствениот пат и иднина на Македонија, но оти солидарноста, вредноста и принципите врз кои е изградена Унијата. како идеја за обединување врз урнатините на Втората светска војна. не важат и за земјава.

„Постои горко искуство од многу откажувања, препреки и неразумни спорови на овој наш пат. Тоа силно и длабоко фрустрира, кога принципите се кршат токму врз грбот на оние кои бараат принципи и праведна шанса, исто како што обесхрабрува и рамнодушноста на многу големи држави кон овие неправедни епизоди за нашиот народ и нашата држава“, рече Мицкоски.

Мицкоски говореше и за македонската борба против фазимот не само како борба за слобода, туку како борба за своја држава и право да се биде Македоноц, велејќи дека тогаш Македонците и другите народи кои живееле тука ја избрале правилната страна на историјата. Тој алудирајќи на Бугарија, но без да ја именува, рече дека во тоа време имало и челници на народи кои не биле на правата страна на исторојата, туку биле окупатори, а не администратори. Тој побара од денешните водачи на тие народи да не бидат заглавени во историјата и да не се обидуваат да ги повлечат и другите со себе.

Денот на Европа беше искористен и за разменување на пораки и меѓу власта и опозицијата, полни со дисквалификации и меѓусебни обвинувања. Мицкоски, без директно да реферира на СДСМ, рече дека тие многупати ја одбиле понудената рака за обединување и не ги гласаат реформските закони, а се декларираат дека се за ЕУ.

„И нивното талкање низ таквиот простор се гледа и во променливоста и неконзистеноста на ставовите. Најчесто нивните ставови за клучните прашања се разликуваат од утро до пладне, а чести се случаите кога при очи се прават слепи, а при уши глуви. Политиката на кодошење на сопствената земја, таквите ги прави добри слуги на туѓи фактори, но не и пријатели на својот народ“, рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак му возврати дека државата ја води организирана криминална група која сака земјата да биде во изолација и слепо црево на Европа, без спроведување на реформи.

„Се што кажува премиерот е само изговор, поради тоа што се зане што треба да се направи за да се почне со преговорите. Треба да се направат уставните измени. Што е за него обединувањето? – Да му дадеме поддршка да не ги прави, за да можат да продолжат да крадат? – Не, тоа нема да се случи. Затоа што ќе се случи Европа кога ние ќе дојдеме на власт после следните избори и сите ќе одговараат“, рече Филипче.

Инаку Филипче и делегацијата на СДСМ не присуствуваа на настанот, туку пристигна кога заврши официјалната церемонија и се полагаа цвеќиња на споменикот, избегнувајќи да застане на страната каде што стоеја претставниците на власта. На заминување, пак, премиерот Мицкоски помина во близина на Филипче и преставниците на СДСМ, но без да сврти глава кон нив.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе