Вести Македонија Топ вести

(видео) Со „Генералка викенд“ започна тридневна акција за чистење низ државата

Со кеси во рацете, ученици од основните и средните училишта, заедно со волонтери, утринава го чистеа кејот позади Владата, а акцијата продолжи кон Собранието. Со ова започна еколошка кампања „Генералка викенд“, која по шести пат се организира низ државата.

Иако местото изгледаше релативно чисто, сепак беа собрани ситни отпадоци.

Поддршка на акцијата дадоа претседателката Гордана Силјановска-Давкова, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, како и претставници од Министерството за животна средина.

Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека состојбата со хигиената во градот постепено се подобрува и најави дополнително зајакнување на капацитетите на комуналните служби.

  • „Ние наследивме 16 функционални камиони во Комунална хигиена, а денес имаме повеќе од 50 камиони, кои работат во три смени. Во финална фаза сме на обезбедување 40 нови камиони за Комунална хигиена. Но, ние колку и да се трудиме ако граѓаните не ја третираат соодветно животната средина сепак нема да го постигнеме ефектот“ – Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.

Министерот за животна средина Мухамед Хоџа вели дека грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика на сите граѓани.

  • Ние како министерство имаме обврска да градиме систем за што поефикасно решавање на проблемот со отпадот. Целосно сме посветени на воспоставување на регионалниот систем за современо управување со отпад“, изјави  Мухамед Хоџа, министер за животна средина.

„Генералка викенд“ ќе трае три дена, ќе се чисти на повеќе од 500 локации низ целата држава.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе