Вести Македонија

Берсе: Македонија има важна улога за стабилноста и демократската отпорност во регионот и Европа

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, по вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази задоволство од досегашната соработка со државата и го нагласи значајниот напредок што земјата го постигнала во изминатите децении.
Во своето обраќање, генералниот секретар посочи дека бил „навистина импресиониран“ од постигнувањата на Северна Македонија, нагласувајќи дека Советот на Европа отсекогаш бил партнер и поддржувач на земјата во зајакнувањето на демократијата.
Тој ја истакна важната улога на Република Северна Македонија во градењето на стабилноста и демократската отпорност во регионот и Европа, особено во услови на актуелни геополитички и безбедносни предизвици.
„Во вакви геополитички околности, довербата во демократските институции е апсолутно клучна, не само за земјите членки, туку и за стабилноста на Европа како целина“, истакна Берсе, додавајќи дека безбедноста и стабилноста се можни само преку силни и функционални институции.
Генералниот секретар ја поздрави и соработката со Северна Македонија во повеќе области, вклучително и во делот на вештачката интелигенција, поддршката за Украина и унапредувањето на правата на малцинствата, при што посебно го поздрави брзото усвојување на Акцискиот план за малцинства.
Воедно, Берсе оцени дека претстојното претседавање на Северна Македонија со Комитетот на министрите на Советот на Европа претставува дополнителна потврда за улогата и значењето на државата во рамки на европското семејство.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе