На 9 Мај, Денот на Европа, на Конгресот на обединувањето, пет политички субјекти ќе донесат една од најважните одлуки во рамките на албанскиот политички блок во државата.
Од партнери и политички сојузници, ВРЕДИ станува едно единствено тело. Ова не беше лесна одлука. Бараше трпение, доверба и волја да се стави интересот на Албанците над тесните партиски интереси, стои во соопштението на партијата ВРЕДИ.
Утре , 850 делегати ќе бидат дел од Конгресот за да го запечатат големото ветување ВРЕДИ да стане едно, велат од паријата.
