Вести Македонија

(Фото) „Зелен хуман град“ бара да се затвори Зоолошката градина во Скопје

Зелен Хуман Град бара затворање на зоолошките градинки во Македонија карактеризирајќи ги како места за тортура кон животните.

Ова барање доаѓа откако во ЗОО кон слоновите и нилскиот коњ беа фрлани камења, а млада девојка беше качена до кафезот на мајмуните.

Сето ова претставува типичен пример првенствено за инхерентното насилство кое е вградено, наградувано и пожелно во капитализмот како економски и општествен систем до тој степен до кој не го ни забележуваме (за што доказ е и самото постоење на зоолошка градина како профитабилна форма на забава во која страдаат невини животни во ропство), велат од Зелен хуман град.

Бараат Зоолошката да се транформира во центри за конзервација и рехабилитација на повредени и напуштени автохтони животни на територија на државата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе