Вести Македонија Најважни

Пожарот чади, но е под контрола – на отпадот кај Визбегово гореле лимови, акумулатори, автомобилско масло

Се уште чади пожарот на отпадот во Визбегово, но е под контрола

Пожарникарски тимови се на терен во Визбегово каде вчера во огромен пожар изгоре отпад на автомобили на фирмата АСД Метал Груп. Пожарникарите се на лице место поради можно постоење на скриени неизгаснати жаришта на опожарената локација, ни изјави командантот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески.

Пожарот се уште чади, но е под контрола. Во интервенцијата немало повредени, а еден пожарникар се пожалил на премор поради напорната инетревнеција под целосна опрема.

Бидејќи пожарот не е целосно изгаснат, не може да почне истрагата на надлежните. Првично беше пријавено дека пожарот избувнал од машина за сечење на железо и лимови, но сопствениците на отпадот вчера изјавија дека машината воопшто не била вклучена. Постојат сомнежи дека пожарот тлеел подолг период по што вчера одеднаш избувнал и се проширил на голема површина.

Густиот чад одеше и кон Скопје и населбите меѓу отпадот и главниот град.  Во пожарот гореа стари автомобили, но изгореле и акумулатори, батерии, гориво и масло од хаварисаните возила кои биле одлагани во огромен висок куп на отпадот.

Фирмата АСД метал груп и тројца нејзини сопственици и управители во февруари беа обвинети откако во сличен голем пожар лани им изгоре отпад на локација во непосредна близина на вчерашниот пожар.

Миомир Серафиновиќ

(ВИДЕО) Нов огромен пожар на отпад за стари автомобили во Визбегово – на истата адреса гореше и лани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансова со кривични пријави за измама тешка над 50 милиони денари со ИПАРД средства

Дејан Дејан

Уапсен е потпалувачот на пожарот во Горно Оризари

Дејан Дејан

(фото)Поројниот дожд однесе дел од улицата „Дебарска“ во Битола, жителите со години бараат реконструкција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе