Вести Македонија Топ вести

Транспаренси Интернешнл: Нетранспарентност во работата на Судскиот совет

Транспаренси Интернешнл – Македонија го објави редовниот месечен „Бистро-Матно“ барометар за април 2026 година, кој следи случаи поврзани со корупција и антикорупциски практики во државата.

Извештајот повторно ја нагласува важноста на транспарентноста и отчетноста на институциите, како клучни елементи за зајакнување на довербата на граѓаните.

Во делот „Матни“ се издвојуваат повеќе наоди за системски слабости, меѓу кои извештајот на ДКСК за формално воспоставен, но недоволно применет систем за интегритет, како и критики за нетранспарентност во работата на Судскиот совет.

Дополнително, ревизиите укажуваат на неправилности во евиденцијата на имот кај Агенцијата за катастар, како и истражувања кои покажуваат висок ризик од корупција во јавните набавки во здравството.

Во „Бистри“ настани се издвојуваат податоци за зголемена продуктивност на Основниот кривичен суд Скопје и подобрена ажурност во решавањето на предмети. Сепак, извештајот на „Репортери без граници“ забележан e пад на индексот на слобода на медиумите, додека граѓански иницијативи реагираат против законски измени поврзани со концесии и природни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансова со кривични пријави за измама тешка над 50 милиони денари со ИПАРД средства

Дејан Дејан

Уапсен е потпалувачот на пожарот во Горно Оризари

Дејан Дејан

(фото)Поројниот дожд однесе дел од улицата „Дебарска“ во Битола, жителите со години бараат реконструкција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе