Косовар и префрлил 18 илјади евра на тетовчанка која го довела во заблуда дека е бремена од него. Според полицијата 38-годишниот маж пријавил дека бил измамен откако претходно во неколку наврати и префрлувал пари, со што целосната трансакција достигнала до 18 илјади евра.
Тетовачнката на крај му соопштила дека детето не е негово и ја прекинала комуникацијата. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Т.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
