Вести Свет Топ вести

Тројца загинати од хантавирус – започна евакуацијата од холадскиот крузер по сомнежот за епидемија

Претставничката на Светската здравствена организација за Островите Зелен ‘рт (Cape Verde), Ан Линдстранд, денеска изјави дека холандските власти организираат медицински евакуации за некои луѓе на крузер откако сомнителна епидемија на хантавирус уби три патници.

  • „Холандските власти организираат медицински евакуации заедно со властите на Зелено’ртските Острови на двајцата пациенти кои имаа потешки симптоми, беа стабилни, но сè уште ги имаа симптомите“, изјави таа за Асошиејтед Прес.

Холандскиот крузер, кој превезуваше околу 150 патници, чекаше помош покрај брегот на Зелено’ртските Острови по сомнежите за епидемија на хантавирус во која загинаа три лица, а неколку други беа сериозно болни, според здравствените власти и операторот на бродот.

Кој беше на еднонеделно поларно крстарење од Аргентина до Антарктикот, а потоа до неколку изолирани острови во Јужниот Атлантик.

Откако стигнал до островот Капо Верде покрај брегот на Западна Африка, побарал помош од локалните здравствени власти, но никому не му било дозволено да се истовари, соопшти компанијата што го управувала крстарењето доцна во неделата.

Линдстранд додаде дека се во тек тестови за да се утврди дали сојот на хантавирус кој се преносува од човек на човек е тој што бил на бродот.

  • „Постојат извештаи и за пренос од човек на човек, особено со геномски сој наречен Андес. И дали тој сој е сојот со кој се справуваме ќе знаеме во следните 24 часа, бидејќи во Јужна Африка се вршат геномски проценки“, рече таа.

Првата жртва, 70-годишен Холанѓанец, починал на бродот откако имал симптоми, вклучувајќи треска, главоболка, болки во стомакот и дијареја.

Неговата 69-годишна сопруга подоцна се онесвестила на аеродромот во Јоханесбург и починала откако била префрлена во болница, соопштија јужноафриканските власти.

Третиот смртен случај не е јавно идентификуван.

Најмалку еден британски патник е позитивен на хантавирус и останува во критична состојба на интензивна нега во Јужна Африка.

Пет дополнителни сомнителни случаи сè уште не се потврдени преку лабораториско тестирање.

Двајца членови на екипажот кои сè уште се на бродот бараат итна медицинска помош, соопшти холандскиот оператор „Oceanwide Expeditions“, опишувајќи ја ситуацијата како сериозна.

СЗО соопшти дека соработува со локалните власти и операторите на бродот за да спроведе проценка на ризикот по јавното здравје и се обидува да ја координира евакуацијата на двајцата болни од бродот.

Хантавирусите, кои се наоѓаат низ целиот свет, се семејство на вируси кои се шират главно преку контакт со урина или фекалии на заразени глодари како стаорци и глувци.

Тие го привлекоа вниманието откако сопругата на починатиот актер Џин Хекман, Бетси Аракава, почина од инфекција со хантавирус во Ново Мексико минатата година.

Хекман почина околу една недела подоцна во нивниот дом од срцеви заболувања. Иако ретки, СЗО соопшти дека инфекциите со хантавирус можат да се шират меѓу луѓето.

Не постои специфичен третман или лек, но раната медицинска помош може да ги зголеми шансите за преживување.

Официјалните лица изјавија дека ризикот за пошироката јавност останува низок и дека не се препорачани ограничувања за патување.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе