Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека случајот со врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров е во тек на истрага што се спроведува во координација со Јавното обвинителство.
Досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија.
Поради тоа што се работи за малолетници, надлежните постапуваат со зголемена внимателност и со ограничено споделување информации во јавноста.
Министерот нагласи дека институциите сериозно пристапуваат кон расчистување на случајот.
Тошковски истакна дека врсничкото насилство е сериозен општествен проблем, за чие решавање е потребен заеднички пристап.
Тој повика на поголема вклученост на родителите, училиштата и институциите со цел превенција и спречување на вакви појави во иднина.
