Околу 4, 6 милијарди евра должат граѓаните во банките по основ на кредити. Ова е вкупната сума на заеми која банкарите заклучно со март им ја одобриле на домаќинствата, покажува најновиот извештај на Народната банка.
Од бројките може да се види дека кај овој вид на кредити има раст од над 11 проценти или за само еден месец на домаќинствата им се одобрени нови кредити во висина од над 60 милиони евра. Иако, веќе извесен период има значителен скок на цената на квадратот, расте интересот и за станбените кредити. Според, извештајот на НБРМ заклучно со март банките одобриле скоро 2 милијарди евра од овој продукт. Неодамна од Народната банка соопштија дека потрошувачките кредити се оние кои и натаму се најбарани.
Во секој случај потрошувачките кредити се најзастапена форма на кредитна зодолженост на граѓаните. Во однсо на станбените кредити во еден подолг период наконтинурана основа гледаме раст, посилен 15 или 16 проценти, но исто така она што можеме да го забележиме е и зголемување на бројот на активни кредитни партии врз основа на станбени кредити, вели за Бизнис објектив Милица Арнаудова Стојановска, советничка на гувернерот на Народната банка.
И од бизнисот се повеќе одат по кредит на шалтерите во банките. И кај оваа категорија се забележува раст на кредитирањето. Па, така вкупно на граѓаните и на фирмите заклучно со март одобрени им се заеми во висина од над 9 милијарди евра.
На годишно ниво пак интересот за кредитните картички опаѓа.
Се земаат кредити, но и се штеди. Анализата од Централата банка покажува дека граѓаните и фирмите кај банкарите чуваат близу 11 милијарди евра.
Во меѓувреме меѓународните финансиски институции, но и домашните ги следат глобалните случувања кои треба да го покажат правецот на движење на каматите и на кредитите но и на депозитите. Нивната висина зависи од инфлацијата која според последните податоци на статистиката повторно забрза и сега во земјава е на ниво од 4, 9 отсто во однос на истиот период лани.
Ирена Чачкова
