За реконструкција на владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен, бидејќи допрва ќе следат промени. Додека Во за изборите тој смета дека е потребна шареноликост во однос на партиите за да има поголема државотворност.
„По принципот „Врана на врана очи не вади“ кај нас функционираме повеќе од три денеции и кај нас државата е на вакво дереџе какво што е. Ние се обидуваме и ние не сме “враната“. Но како и да е нашето елементарно ветување е дека влеговме во политичкиот свет за да ја разбиеме црно-белата слика на политичкиот простор и ние во тоа успеавме дали ќе се одржиме тоа зависи од граѓаните, ако не препознаваат тогаш ќе дојдат некои поуспешни. Но факт е дека 30 години стоиме во место, дури во моменти и се враќаме. Но никој не може да ја оспори успешноста на оваа Влада, може се преголеми очекувањата, но оваа влада ги придвижи процесите напред. Еве во однос на мене како градоначалник на најголема општина. Јас во моментот менаџирам 27 проекти, значи тоа некогаш било мисловна именка, тоа е резултат на децентрализација на парите кои влегоа во државата“, изјави Димитриевски.
Во однос на реформската агенда, Максим Димитриевски, истакна дека не треба да се фрла вина врз министерот за правда Игор Филков кој доаѓа од ЗНАМ, поради несработеното претходно со децении. Според него, министерот во рок од две години спакувал и испорачал 33 закони.
