Вести Култура

Христијан Ристески ја доби наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“

Годинашниот лауреат на наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез-музичар за 2025, која традиционално се доделува секоја година во рамките на Џез фактори фестивалот во Битола, е саксофонистот Христијан Ристески, музичар кој живее и работи во Австрија и се издвојува со својот јасен и современ израз. Свеченото врачување на наградата се одржа во НУ Народен театар Битола.

  • „Чест и задоволство ми е да бидам овде. Оваа награда значи едно препознавање на цел овој труд кој сум го вложил низ годините и таа желба која сум ја имал за музиката и џез музиката и е едно препознавање на сиот тој труд. Мислам дека континуитетот е многу битен, бидејќи во оваа работа се соочуваме со доста тешки моменти и тешки периоди. Меѓутоа мора да се продолжи и да се оди напред и нема застанување. Едноставно мислам дека љубовта кон музиката е главниот двигател за сето тоа“, изјави Ристески.

Наградата од оваа година доби дополнително зајакнување преку партнерството со Синпекс, како поддршка за нејзиниот понатамошен развој.

  • „Културата не е трошок, туку инвестиција во вредности што остануваат. Поддршката на вакви настани значи создавање услови сцената да се развива и да добива континуитет,“ изјави Христина Фуна од Синпекс/UTOPIA, која ја додели наградата и додаде:

„Задоволство ми е да бидам дел од фестивалот и им честитам на “Џез фестивалот“ за организирањето веќе девет години. “Синпекс“ како компанија е поддржувач на културните настани, а воедно, земајќи ја во предвид важноста на џезот, ние секогаш го поддржуваме. Посебно ми е задоволство да ја доделам оваа награда на младиот Христијан. Ова не е само посебно признание, тоа е глас кој допрва ќе се слуша, а ова ќе биде само една страница од неговата музичка кариера“.

Во оваа соработка на Џез фактори фестивалот и Синпекс, важна улога има и личната поврзаност со џезот – Синиша Петровиќ, еден од основачите на Синпекс, кој е долгогодишен љубител на џез музиката и посетител на концерти ширум светот, што придонесе за природното поврзување меѓу фестивалот, Синпекс и UTOPIA како дел од програмата. Токму во Утопија љубителите на џезот, имаа можност да присуствуваат на концертот на Ристески квартетот. Визуелниот идентитет на наградата, вклучувајќи ја и нејзината форма, е дело на Ања Ристевска. Во изминатите години, наградата ја добија: Александар Ванчовски, Филип Динев, Александар Бошков, Јован Цветковиќ, Давид Скерлевски и Теодор Јаневски – имиња што ја поставуваат јасната линија во која годинава се впишува и Христијан Ристески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе