Во новата епизода на ХоризонТелма подкастот зборуваме со Сара Миленковска, млада истражувачка и дел од Коалицијата Маргини. Со неа ја истакнавме важноста за видливоста на маргинализираните групи меѓу кои е ѝ ЛГБТИ+ заедницата. Човековите права треба да се еднакви за сите, а видливата дискриминација е потребно се почесто да се алармира, но и да не се премолчува се едни од работите со кои се согласивме со Сара.
Таа дополнително зборуваше за важноста и разбирањето на родот и сексуалноста како дел од животот. Дополнително ја отворивме и темата за родовото базирано насилство, кое и покрај недоволните напори на институциите, секој поединец лично треба да застане против системот, но и да пријави за да го спречи.
Премиерата на 19-тата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот
Сите епизоди се достапни на Youtube подкаст каналот на Телма и на Spotify
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
