Четворица астронаути се подготвени за лансирање со мисијата Артемис 2 – првата мисија со екипаж кон Месечината по повеќе децении.
Во мисијата на НАСА „Артемис 2“ ќе учествуваат четворица астронаути, кои веќе ги облекоа своите одела и се упатуваат кон лансирната рампа додека се подготвуваат за патувањето околу Месечината.
Полетувањето се очекува во 24 минути по полноќ по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.
Екипажот ги вклучува астронаутите на НАСА – Рид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох, како и Џереми Хансен од Канадската вселенска агенција.
Станува збор за прва лунарна вселенска мисија со човечки екипаж по повеќе од 50 години, поточно по мисијата Аполо 17, чиј екипаж слета на Месечината.
По историските слетувања на Месечината, програмата Аполо беше укината во 1972 година.
Трошоците значително пораснаа, а приоритетите се променија.
Затоа вниманието се пренасочи кон поевтината дестинација: ниската орбита околу Земјата. Тоа беше фокусот на НАСА во последните 50 години — почнувајќи со Скајлаб, потоа со програмата Спејс Шатл и со меѓународната вселенска станица.
НАСА повторно се насочи кон Месечината во 2005 година со програмата „Констелација“.
Но, таа беше укината во 2010-тата година поради доцнења и пречекорување на буџетот.
Сепак, технологијата развиена за „Констелација“, особено вселенското летало Орион и делови од ракетите — биле вградени во програмата Артемис, која официјално започна во 2017-та година.
Слетување на Месечината првично беше планирано за 2024 година, но поради доцнења во програмата Артемис, НАСА сега планира да изврши слетување во 2028 година.
Затоа, мисијата на Артемис 2 не вклучува слетување на Месечината, туку вселенското летало со големина на минибус ќе лета околу месечината, при што ќе се оддалечи најмногу од планетата земја во споредба со сите претходни мисии.
Американската национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) во живо ќе го пренесува полетувањето на Артемис 2 на следниот линк:




