Со возачка дозвола од Б категорија да може да се вози мотор до 125 кубика, предлага пратеничката група на ЗНАМ.
Со предлог-законот, што го поднесоа во собранието, сакаат да поттикнат што повеќе граѓани, својот автомобил да го заменат со мотоцикл.
Сметаат дека, така ќе се намалат гужвите во сообраќајот и на паркинзите, а ќе се влијае и на загадувањето на воздухот.
За иницијативата, со која се врши усогласување со регулативата на Европската унија, имаат поддршка и од колегите од владејачкото мнозинство.
