Свет Топ вести

Влез во Грција само со негативен тест за Ковид-19

Само со потврда на англиски јазик за негативен тест за Ковид-19, направен 72 часа пред патувањето, од среда до 29 јули ќе биде дозволен влез во Грција преку граничниот премин Промахонас (Кулата), согласно заедничката министерска одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција.

Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест (PCR) во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен.

Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме и број на пасош или лична карта.

Одлуката потпишана од министрите за здравство и транспорт и инфраструктура, стапува во сила во среда, на 15 јули 2020 година во една минута по полноќ и ќе важи до 29 јули 2020 година во 00.01 часот и ограничувањата важат за посетителите од земјите што се на листа која грчката Влада ја објави пред помалку од две седмици, а не се однесуваат на грчките државјани.

Освен негативниот тест, од среда, за влез преку Промахонас како и за авионските патувања, туристите, потребно ќе биде и да го имаат пополнето специјалниот образец PLF (Passenger Locator Form), преку интернет страницата https://travel.gov.gr, најдоцна претходниот ден  пред патувањето, а не во период од 48 часа како што важеше претходно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе