Вести Култура

Пред големиот концерт на 7-ми март, Лозано ја изненади публиката со нов музички проект – „Среќен пат”

На само неколку дена од неговиот солистички концерт закажан на 7-ми март, еден од најмоќните вокали на нашата музичка сцена – Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна – „Среќен пат“.

Станува збор за нова емотивна балада со која Лозано повторно ја изненадува публиката. Текстот за новата песна го напиша младата артистка Луна Ристиќ, музиката е дело на Гоце Симоноски, додека аранжманот го потпишува Лазар Цветкоски.

За потребите на оваа песна се сними и видеоспот, на кој како режисери се потпишуваат Гордан Божиновски и Верица Донев Божиновска. Мора да се истакне дека видеото визуелно ја надополнува приказната што ја носи песната и ѝ дава дополнителна емоционална димензија.

Инаку главните улоги ги толкуваат актерите Катерина Јовановиќ и Метин Ибрахим, кои брилијантно ја доловија приказната на песната.

„Ми значи многу оваа песна и едвај чекав да ја споделам со публиката. А за многу скоро подготвувам уште едно изненадување – нова песна во соработка со драги колеги од естрадата“, накусо изјави Лозано.

Во меѓувреме, се бројат последните денови до концертот на 7-ми март во спортски центар “Борис Трајковски”. Сè е подготвено за големо музичко шоу, а Лозано и неговиот тим со нетрпение го очекуваат денот кога заедно со публиката ќе создадат вечер за паметење, велат организаторите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе