Вести Забава Култура Македонија

„Добар звук, врвна сцена и романтична вечер со многу изненадувања“, вака Влатко Лозаноски го најави концертот на 7 март

Концерт кој ќе ги обедини добриот звук, врвната сцена, движења и емоции, романтична вечер со многу изненадувања, вели поп-пејачот Влатко Лозаноски за претстојниот концерт на 7 март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, за кој како што вели ќе биде различен од претходниот што се одржа во 2019. Најави дека на концертот ќе има многу гости и неколку дуети кои ќе се објават во наредните денови.

  • Баш ми е мило што има голем одзив во моментов, иако го најавивме пред неколку месеци во 2025-та година. Секако макотрпно работевме за да дојде информацијата до луѓето. Голема благодарност до организаторите кои дадоа се од себе за овој концерт да биде на високо ниво, нормално и за нашиот генерален партнер „Макпетрол“ и за сите останати, затоа што реално сами не можеме и мораме да имаме поддршка. Кога се прави репертоарот тоа е еден долг процес и генерално го правам јас колку што можам, со помош на мојот бенд и сите од организацијата. Тоа е еден ребус каде што некогаш мислите ова е за прва песна, па откако ќе преспиете се убедуваш дека може да има подобра опција, така што тој ребус до последно се менуваше, но веќе го имаме репертоарот. И ќе има убава вечер и за пеење и за уживање- Влатко Лозаноски, поп-пејач.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Банките се дистанцираат од судирот со Славески и Кочоска за новите банкарски ценовници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе