Концерт кој ќе ги обедини добриот звук, врвната сцена, движења и емоции, романтична вечер со многу изненадувања, вели поп-пејачот Влатко Лозаноски за претстојниот концерт на 7 март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, за кој како што вели ќе биде различен од претходниот што се одржа во 2019. Најави дека на концертот ќе има многу гости и неколку дуети кои ќе се објават во наредните денови.
- Баш ми е мило што има голем одзив во моментов, иако го најавивме пред неколку месеци во 2025-та година. Секако макотрпно работевме за да дојде информацијата до луѓето. Голема благодарност до организаторите кои дадоа се од себе за овој концерт да биде на високо ниво, нормално и за нашиот генерален партнер „Макпетрол“ и за сите останати, затоа што реално сами не можеме и мораме да имаме поддршка. Кога се прави репертоарот тоа е еден долг процес и генерално го правам јас колку што можам, со помош на мојот бенд и сите од организацијата. Тоа е еден ребус каде што некогаш мислите ова е за прва песна, па откако ќе преспиете се убедуваш дека може да има подобра опција, така што тој ребус до последно се менуваше, но веќе го имаме репертоарот. И ќе има убава вечер и за пеење и за уживање- Влатко Лозаноски, поп-пејач.
Б.С.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
