Вести Македонија Топ вести

Заев поднесе тужби за клевата против Бране Петрушевски и Жан Митрев – бара отштета од еден милион денари, парите ќе ги донирал за деца без родители и за лица со посебни потреби

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев објави дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и д-р Жан Митрев.

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, напиша Заев во објавата на неговиот Фејсбук профил.

Во фотографиите од тужбите кои Заев ги објави, од двајцата побарува штета по 500.000 денари.

Во објава на 8 февруари на неговиот Фејсбук профил, Заев ги демантираше трврдењата на Петрушевски и Митрев и побара од нив да се извинат во законски предвидениот рок, а доколку не го сторат тоа, најави дека ќе поднесе тужба и ќе се бори со сите правни средства како што напиша за да ја симнал оваа дамка од неговото име.

Инаку, Заев го тужи Петрушевски зашто во обраќање на прес-конференција го поврзал него со запленувањето на 10 тони марихуана во струмичко, а докторот Митрев за изнесени тврдења дека вршел притисок за купување на неговата болница.

Тужбите се поднесени до Основниот суд во Струмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе