Вести Македонија Најважни

Кривичниот суд ја одобри одлуката Артан Груби да оди во 30 дневен куќен притвор

Поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, доби мерка 30 дневен куќен притвор со 24-часовен надзор, одлучи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

Одлуката е донесена по предлог на Јавното обвинителство, кое побара замена на претходно определената мерка притвор со поблага мерка за обезбедување присуство.

Откако утрово КПУ „Затвор Скопје“ го известил судот дека Груби од 09:20 часот е спроведен во установата и започнал со издржување на притворот определен со решение од 17 декември 2024 година – мерка што стапила во сила со неговото пронаоѓање и лишување од слобода – судот го известил Основното јавно обвинителство. По барање на обвинителството, била издадена наредба за негово спроведување пред јавен обвинител за сослушување.

Во текот на денот, одбраната на Груби доставила предлог за замена на притворот со куќен притвор. Предлогот бил проследен до обвинителството, кое доставило позитивно мислење, а јавниот обвинител на расправата предложил определување поблага мерка.

Судијата, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донел решение за замена на притворот со куќен притвор со 24-часовен надзор, кој ќе го спроведува Министерството за внатрешни работи. Дополнително, изречена е и мерка на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нов документ за преминување на државната граница.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Груби е осомничен за проневера во службата во предметот поврзан со Државна лотарија, при што, според обвинението, е предизвикана штета од над осум милиони евра. Тој беше во бегство 14 месеци пред да биде лишен од слобода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе