Вести Македонија Најважни

(живо)Поранешниот вицепремиер Артан Груби е на распит во обвинителството

Груби рано утрово се појавил пеш на граничниот премин Блаце кон Косово, по што е уапсен по меѓународната потерница распишана по него.

Од државата замина во првата половина на декември 2024-та година пред да биде отворена истрагата против него и уште 7 лица за случајот Државна Лотарија.

Скопското обвинителство го товари дека како вицепремиер ја водел седницата на влада на која ги предложил и подготвил одлуките за кои се надлежни Управниот и Надзорниот одбор на Лотаријата.

Според првичните соопштенија, во случајот е направена материјална штета од над 8 милиони евра.

За Вестите на Телма во 15:30 се јави Миомир Серафиновиќ

Груби веќе беше избеган од државата кога обвинителството ја отвори истрагата. Сознанијата беа дека се крие во Албанија каде има и стан, но не беше ниту фатен ниту испорачан.

Утрово се појави на граничниот премин Блаце, истиот премин на кој помина пред 14 месеци кога го почна бегството.

Сместен е во притворска келија во затворот во Шутка каде бил предаден утрово во 9:20 часот односно три часа по апсењето. Извршен му е лекарски преглед и е сместен во келија заедно со уште еден притвореник.

Притворот му беше определен додека беше во бегство по што има можност да бара нова одлука на судот. Обвинителството сега има можност да му земе изјава на распит.

Груби заедно со поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами кој исто така е  во бегство, се осомничени за кривично дело проневера во служба за што се предвидени затворски казни и до 10 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе