Вести Македонија Топ вести

Театар или конечно правда? Груби пак ги скара партиите

Партиите различно го толкуваат апсењето на екс-вицепремиерот, Артан Груби. За СДСМ и ова е театар, како и неговото бегство пред година ипол.

  • Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори. Сега сакаат сето тоа да му го припишат на СДСМ, ете затоа им е потребен Груби, изјави  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, им вратија дека се нервозни и фрустрирани затоа што Груби може да изнесе податоци за аферите и криминалот на кој, според нив, работел заедно со нивни функционери.Потсетуваат дека е осомничен за криминал од  над 8 милиони евра, како и за местење на милионски тендери во време кога тие беа на власт.

  • За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДСМ, но само за да не им пропадне коалицијата и да им потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДСМ молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој кој го кршел законот, порано или подоцна, ќе се соочи со правдата, изјави Бране Петрушевски, ВМРО ДПМНЕ.

Се огласија и од ДУИ, кои побараа правда без селективност, без двојни стандарди и без политичко влијание.

  • „Позитивно ја оценуваме одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност да се презентираат сите  аргументи и да се разјаснат сите прашања преку транспарентна, фер и непристрасна постапка. Очекуваме процесот да се спроведе во согласност со највисоките стандарди на владеењето на правото, но пред сè, со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи„, соопштија од ДУИ.

Од ВРЕДИ, пак, сметаат дека ова е резултат на „паѓањето во вода на сите лажни верувања на Ахмети„.

  • „Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Груби е учесник и извршител на сите нивни матни зделки, затоа Мала Речица се тресе од страв, не знаат за што се` е подготвен да прозбори. Откако паднаа во вода лажните ветувања на Ахмети за предвремени избори и влез во Влада, на Артан не му остана ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. “, велат од ВРЕДИ.

Од коалицијата се прашуваат и кој е следниот што ќе му се придружи на Груби во ќелија?

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе