Утрово се случила сообраќајна несреќа помеѓу повеќе автомобили на патот Штип-Миладоновци. Полицијата е на терен, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Се уште е непознато колку луѓе се повредени и дали има починати, како и кои се причините поради кои се случила сообраќајната несреќа. Од МВР велат дека несреќата се случила помеѓу осум возила.
–Денеска (23.02.2026) околу 07:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица „Преод“ во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила. На местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје.
