Вести Свет Топ вести

Агенти на Тајната служба убија вооружен маж на имотот на Трамп на Флорида

Агенти на американската Тајна служба убија вооружен маж кој се обидел да влезе во безбедносниот периметар на имот на американскиот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида. Во моментот на инцидентот, Трамп се наоѓал во Вашингтон, заедно со неговата сопруга Меланија.

Според портпаролот на Тајната служба, осомничениот бил на возраст од 20-тина години, потекнувал од Северна Каролина и пред неколку дена бил пријавен за исчезнат од семејството. Попатно кон Флорида набавил сачмарка, во неговиот автомобил била пронајдена кутија со куршуми, како и канистер со гориво.

Тој успеал да влезе на имотот со автомобил, во момент кога друго возило излегувало од комплексот. Откако го забележале, агентите му наредиле да ги спушти предметите. Но, наместо тоа, како што соопшти полицијата на прес-конференција, тој ја подигнал пушката во позиција за пукање по што агентите отвориле оган и го усмртиле.

Соединетите Американски Држави се соочуваат со пораст на политичкото насилство. Трамп во два наврата во 2024 година беше мета на атентат, вклучително и оној на неговиот голф терен во Вест Палм Бич. Демократката од Минесота, Мелиса Хортман беше убиена со огнено оружје заедно со нејзиниот сопруг во 2025 година, а неговлку месеци подоцна беше застрелан и конзервативниот активист Чарли Кирк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе