Карневалот Марди Гра кој е традиција во Франција ги обедини на едно место децата и возрасните низ лавиринтите на креативната костимографија, музиката и гастрономијата. Најпознатите книжевни ликови од бајките со кои израснавме сите и кои никогаш не изгубија од својата актуелност за вечната борба меѓу доброто и злото, бајки кои и денес се инспирација за голем број филмски остварувања и нови толкувања се дел од карневалот Марди Гра кој се одржува во Француското интернационално училиште ЕФИС во Скопје. Децата со нетрпение го очекуваат овој карневал креирајќи ги своите костими, мигови во кои и вие сте дете и барем за миг како што велеше Оскар Вајлд еден ден ќе бидете доволно возрасни за повторно да ги читате бајките.
Анкета
-Јас сум маскирана во принцезата Бел од француската бајка од „УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ“. И Бел многу сака да чита книги и многу е хррабра, исто како мене.
-Јас сум маскирана како пејачка.
-Одбрав да бидам маскирана во „Заспаната убавица“, бидејќи ова го купив од Дизниленд и немам друг костум и мајка ми ми рече овој облечи го за карневалот.
-Снежана.
Доктори, принцези и нинџи, кои особено се радуваат на палачинки кои се дел од традицијата на овој карневал во Франција.
Анкета
-Јас многу се радувам за овој карневал, затоа што се маскираме, се шетаме, јадеме палачинки и се дружиме.
-Дека јадеме палачинки се маскираме и правиме многу интересни работи.
-Дека може да се маскираме. Што е најубавото во овој карневал? Кога јадеме палачинки!
Во Франција карневалот Марди гра има навистина долга традиција, зимски карневал кој традиционално се слави на 17 февруари. Во Интернационалното француско училиште Ефис се славеше денес имајќи предвид дека времетраењето на наставата е покусо во петок, па децата и родителите ќе имаат можност подолго време да уживаат во него. Зимскиот карневал Мар ди гра го симболизира испраќањето на последните зимски денови и ја најавува пролетта .
„Во Франција карневалот има долга традиција како на пример карневалот во Данкерк, во Ница и во Пусан, моето родно место. Значи се јадат палачинки и се слави“, изјави Брис Бернабе, директор на Интернационалното француско училиште – EFIS.
Со славењето на Марди гра ги пренесуваме француските традиции, но ние како професорска екипа од Франција исто така споделуваме македонски традиции. Еве на 1 април го славиме и карневалот пролетен кој ќе биде во Кинотеката и ќе имаме инртересна програма.
Токму за овие два дена децата забораваат кои се, споделуваат многу радост смеа.
И токму карневалот Марди Гра низ музиката, различните костими и гастрономијата ги обедини на едно место децата, нивните родители и наставниот кадар.
Нина Стефанова
