Вести Култура

Со опседнатоста од класичниот стих, Георги Сталев надомести цели епохи во македонската литература

Со опсесијата од класичниот стих, Георги Сталев надомести цели епохи во македонската литература, а со препевите влијаеше на развојот на македонската поема. Ова го кажа писателот и драмски автор Венко Андоновски на денешниот омаж за Георги Сталев Поповски, претставник на првата повоена генерација македонски писатели и интелектуалци, кој почина на 30 декември минатата година, на 95- годишна возраст.

„Со својата книга „Македонскиот верс“ и со својата опсесија од класичниот стих, кој за жал ние го немаме во нашата македонска книжевна еволуција, тој надомести цели епохи. Јас затоа ја понесов  со себе еве само „Божествената комедија“ од Алигиери. Знаете, колку замени во македонската книжевност и колку влијаеше кон развојот на македонската поема со своите препеви“, кажа Венко Андоновски, писател и драмски автор.

Сталев беше поет, прозаист, драматичар, книжевен критичар и преведувач. Автор е на пет драмски текстови, два романа, една книга раскази, но и на збирки песни, составени од поезија и поеми. Тие, според поетот Зоран Анчевски, не се доволно проучени од науката.

„Знаејќи дека денес имаме многу значајна награда за долга поема, упатно е да се обратиме и кон неговите поеми кои што се работени според урнекот на Григор Прличев“, рече Зоран Анчевски, поет.

Бил уредник на списанието „Современост“. Еден е од првите членови на македонскиот П.Е.Н. центар, а на ДПМ од 1956 година. Пишувал и либрета за опери и музика за детски претстави. Како министер за култура во 1979 година го иницирал создавањето на Институтут за македонската литература. Од него треба да учиме како се сакаат институциите и како одговорно се градат, рекоа од Институтот.

„Заедно со другите колеги од факултетот го формираа Иститутот за македонска литература. Знаеше дека без институција нема систематско проучување на литературата. Без систематско проучување на литературата нема културна меморија“, кажа проф.д-р Лорета Георгиевска- Јаковлева од Институтот за македонска литература.

Георги Сталев ќе остане запаметен не само како темелник на научното проучување на македонската литература, туку и како визионер во таа област.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Корупцијата почнала во Агенцијата која требало да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе