Вести Македонија Топ вести

По 19 години уапсен Македонецот кој изврши тројно убиство

По речиси две децении во бегство,  уапсен е 52-годишниот Бесим Ш., кој се бараше со меѓународна потерница за едно од најсвирепите злосторства во скопско. Во  акција на албанските специјални единици во Тирана, македонскиот државјанин е лишен од слобода во рамките на полициската операција „Оперативна полиција“.

Бесим Ш. е главниот осомничен за крвавиот настан од 5 октомври 2007 година во селото Копаница, кога со огнено оружје беа ликвидирани тројца граѓани. Тој од полицијата досега се криеше со лажен идентитет и фалсификувани косовски документи.

При претресот во неговиот стан во Тирана, биле пронајдени фалсификуван косовски пасош, лична карта и возачка дозвола, сите со негова фотографија, но на туѓо име.

Покрај обвинението за тројното убиство во Копаница во 2007 година, албанското обвинителство му отвори предмет и за „Фалсификување исправа“. Сепак, главната процедура сега ја водат Интерпол Тирана и Интерпол Скопје, кои веќе ја започнаа постапката за негова екстрадиција во Македонија, каде го чека соочување со судот за грозоморниот чин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе