Вести Македонија Топ вести

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Новиот случај со Денга треска во Македонија го отвори прашањето на кое ниво е свеста за заразните болести и комарците кои ги пренесуваат, во овој случај тигрестиот комарец.

Малкумина се свесни дека токму тигрестиот комарец го има кај нас уште од 2016- та и пред да се крева паника треба да се едуцира населението кои се клучните фактори кои влијаат на негово размножување, вели Николина Соколовска која е единствениот ентомолог во земјава, вработена во Центарот за јавно здравје- Скопје и која со децении наназад ги проучува комарците.

  • Значи се шири поради климатските промени, меѓутоа не можеме се уште да кажеме дека е низ цела територија на Македонија, меѓутоа бројноста секако се зголемува. Постојат многу услови што дозволуваат толку да се шири покрај климатските промени, демографијата, густината на населението, урбанизацијата. Конкретно за тигрестиот комарец како инвазивен, бидејќи тој не потекнува од нашето поднебје, доволно му е и една капка вода да се развие. Него му се потребни мали садови, дали лименка, дали некое шише, капаче од шише, фонтана итн. Значи мали садови или секое нешто што од пат ќе го фрлиме во надворешната средина, јавна површина и ќе задржи вода- м-р Николина Соколовска, ентомолог.

Важно е да се има системска координација во решавање на проблемот со комарците кои се ризик за здравјето, стратегија во која се вклучени Министерството за здравство, кое веќе има креирано законска регулатива, Факултет за ветеринарна медицина  и општините, но и граѓаните кои се подеднакво важни и на кое ниво е нивната свест да не се загадува животната средина.

  • Мора да има надзор, мониторинг, влез-излез на патници, на работници, на трговијата, на авионскиот сообраќај, на копнениот сообраќај. Значи мора да се има надзор бидејќи ги имаме векторите (комарците), но ги немаме патогените( вируси, бактерии, паразити). Нема место за паника, нема место за страв од појава на некоја болест, меѓутоа треба да бидеме свесни и да ги едуцираме граѓаните како да се заштитат- м-р Николина Соколовска, ентомолог.  

Во регионот дел од стратегијата се и новите методи за стерилизација на машките комарци, но во светски рамки се започнува од најрана возраст кај децата низ друштвени игри да сфатат која улогата на секој поединец во справување со климатските промени и нивното влијание врз векторските болести.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВРЕДИ се пофали дека ги добива Правда од ЗНАМ и Kултура од ВМРО-ДПМНЕ, а го дава здравство- Димитриевски вели остануваме на две министерства

Дејан Дејан

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе