Вести Македонија Топ вести

(Видео) Четири нови услуги од ФЗО од денеска достапни на интернет

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица, информираа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа.

Првпат за правните лица овозможена е електронската услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување, целосно дигитално и достапно во секое време.

Беше нагласено дека станува збор за услуги што директно го поедноставуваат пристапот до важни документи, го намалуваат административниот товар и ги елиминираат непотребното чекање и физичкото присуство на шалтерите.

Дополнително, ФЗО од денеска е технички поврзан и со Централниот регистар на населението, што овозможува автоматско преземање релевантни податоци за граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе