Судскиот совет денес ќе заседава со новиот дополнетет состав на членови, односно заедно со адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и универзитетската професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ кои беа предложени од претседателката Сиљановска.
Од Кривичниот суд, претходно испратија допис до Судскиот совет со кој се барашe одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов на кој му најдоа соѕидани 350 илјади евра, па во тој однос е предвидено и ова да биде на дневниот ред.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
