Вести Македонија Најважни

Куќен притвор за двајца осомничени од УЈП за митото со Пулс

Кочанскиот суд определи мерка притвор на двајца првоосомничени во случајот со поткупот за Пулс, предистрага која беше отворена вчера. Обвинителството бараше притвор за двајцата даночни контролори во регионалната дирекција на УЈП во Штип, но судот на првоосомничените Драган Паунов и Дуле Димитриев им определи куќен притвор.

Двајцата се осомничени дека „ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во  клубот Пулс во Кочани.“ Обвинителството ги товари за примање поткуп.

Сопствениците на Пулс, Дејан Јованов Деко и неговиот син веќе се во притвор, а за нив е отворена уште една истрага.

За уште 6-мина осомничени службеници во УЈП-Штип се определени мерки на претпазливост. Сите се осомничени за коруптивни дела поврзани со кабарето Пулс во кое, на 16-ти март во пожар загинаа 63-ца главно млади луѓе и над 210 беа повредени. Акцијата во УЈП Штип се реализира еден ден по стартот на судењето за таа трагедија.

Му јавувале на газда Деко од „Пулс“ за контроли на УЈП – обвинителството со детали за 11-те уапсени во нова предистрага за кобното кочанско кабаре

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе