Вести Македонија Најважни

Му јавувале на газда Деко од „Пулс“ за контроли на УЈП – обвинителството со детали за 11-те уапсени во нова предистрага за кобното кочанско кабаре

Двајца даночни контролори од штипската дирекција на УЈП примале поткуп од Михајло Јованов, син на сопственикот на „Пулс“. Му јавувале кога ќе има ненајавени контроли, а за возврат добивале подароци и друга имотна корист, соопшти обивнителството кое предлага притвор за двајцата.

Според информациите на Телма, меѓу нив е и Драган Паунов, брат на претседателката на Кривичен, Даниела Димовска. Шестмина даночни инспектори и управници од директцциите на УЈП во Штип и во Струмица се осомничени за злоупотреба на службената положба. Им овозможиле на фимите на Јованов „ММММ кафе” и „Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација. За нив обвинителството предлага мерки на претпазливост. Синот е осомничен за давање поткуп, а таткото Дејан Јованов во овој предмет е осомничен за фалсификување исправа.

„Подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот“, информира ОЈО Кочани. 

Единаесеттата осомничена е веќе обвинета и во предметот кој вчера влезе во судница – инспекторка од Државниот пазарен инспекторат за Оддавање службена тајна, затоа што откривала информации за ненајавени контроли.

Државниот обвинител Коцевски утрово потврди дека има претреси и приведувања на вработени во УЈП за коруптивни дела по предистрагата во кочанското обивнителство.

„Овој предмет не може да се спои со сегашниот кочански предмет, затоа што овде не е поврзаноста со штетната последица, односно смрт. Ова се кривични дела за злоупотреба давање и примање поткуп што нема врска со овој кривично правен настан со предметот што е во тек“, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски. 

Според државниот обвинител, истрагата за „Пулс“ против 26 полицајци што се води во обвинителството за гонење на организиран криминал ќе заврши до средината на декември, кога ќе се знае и против кого ќе има обвинение.

Вчера во судницата во „Идризово“ почна судењето против 38 обвинети за пожарот во „Пулс“ во кој животот го загубија 63-ца млади луѓе, а над 200 беа повредени. На судењето, исполнето со емоции, обвинителот Јанев во воведниот говор рече дека „Пулс“ од секогаш била буре барут и смртоносна стапица од самиот почеток.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе