Вести Македонија Најважни

Во Собранието избор за нов претседател на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи седница на која ќе избере еден од кандидатите кои беа интервјуирани за позицијата претседател на Државната комисија за спречувањер корупција.

Ќе бира меѓу 10 кандидати а изборот ќе падне врз оној кој добил најдобра оценка од страна на членовите на комисијата.

Најдобро рангираните кандидати денеска ќе бидат предложени на Собранието во единствена листа за избор на претседател и членови на ДКСК, со образложение за секој кандидат.

За претседател на ДКСК може да биде именувано лице кое е македонски државјанин со постојано место на живеење во земјата, со високо образование и најмалку десет години работно искуство, од кои осум во области поврзани со спречување корупција, владеење на правото или добро управување.

Процесот за избор на нов прв човек на ДКСК доаѓа откако претходната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка поради сомневања за вмешаност во случајот „Адитив“.

Адем Чучуљ со најголем број поени на ранг листата за нов претседател на Антикорупциската комисија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе