Под силни емоции и во преполна судница во Идризово, денеска започна судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март згаснаа 63 животи.
Судијката Диана Груевска-Илиевска вети фер и транспарентен процес, без одлагања, со почит кон болката на семејствата, но со можност за сите страни да ги изнесат своите аргументи.
Судот не гарантира брзина, туку непречено судење за пожарот во „Пулс“. Правдата можеби ќе дојде за 5 месеци, можеби за 5 години.
На обвинителната клупа седнаа три правни лица и 35 обвинети, меѓу кои сопственици, инспектори и поранешни функционери, со обвиненија за тешки дела против општата сигурност.
Дигитална обработка: Т.Д.
