Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) кој изнесува 56,15 проценти, изјави денеска српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, пренесува РТС.
Ѓедовиќ Хандановиќ нагласи дека името на третата страна не се открива, бидејќи станува збор за „деловни преговори сосериозни компании“ и оти „додека не завршат или барем бидат договорени клучните детали, не е сериозно да се говори за тоа“.
„Ништо не се крие од јавноста. Како што гледате, досега комунициравме транспарентно за се. Нашето барање е јасно, рафинеријата мора да продолжи да работи и што поскоро мора да се осигура нови количини на сирова нафта“, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.
Таа наведе дека НИС, преку своите адвокати, поднесе барање до американската влада за продолжување на лиценцата за работа, за да може да продолжи со добивање на сирова нафта и да обезбеди продолжување на работата на рафинеријата во Панчево.
НИС, која е под санкции од САД од 9 октомври поради мнозинско руско сопствеништво.
Фото: nis.rs
