Вести Македонија

Еколошкиот криминал расте – системот бара поефикасни механизми и санкции

Eколошкиот криминал станува се посериозна закана, но борбата со него е бавна и сложена, предупредуваат експертите. Најсериозните слабости, според правосудните органи, се лоцирани токму во истрагите. Освен ова, како што вели републичкиот јавен обвинител, еколошките дела често се тешки за докажување, а институциите немаат доволно ресурси за тоа.

Недоволните капацитети на инспекциските и другите истражни органи за откривање на овој вид кривични дела, како и скапите и долготрајни вештачења, го обременуваат докажувањето на делата од еколошкиот криминал“, кажа Љупчо Коцевски, јавен обвинител.

Македонија го воведе екоцидот како кривично дело уште пред две години, а казната за предизвикување штета на животната средина може да биде и доживотен затвор.

„Најпрвин подигање на свеста за значењето на животната средина и нејзиното унапредување, и како второ преземање конкретни мерки кон загадувачите и нивно соодветно казнување. Во контекст на вториот аспект што спаѓа во директна надлежност на Министерството за правда, би сакал да ве информирам дека во рамките на Министерството веќе се реализирани исклучително значајни мерки во сферата на казнено-правниот систем“, изјави Игор Филков, министер за правда.

Од Министерството за животна средина посочија дека државата се соочува со климатски шокови што водат до губење на природните ресурси и порачаа дека само институциите можат да обезбедат заштита.

„Се соочуваме со растечки предизвици предизвикани од глобалните кризи поврзани со климатските промени, енергетска криза, губење на биодиверзитетот. Овие предизвици бараат кохерентен и интегриран одговор, заснован на принципите на правдата. Заштитата на животната средина не може целосно да се обезбеди без силна законска рамка, ефикасни институции, цврста меѓуинституционална координација и силен и спремен правосуден систем“, додаде Ане Лашкоска, заменик министер во Министерството за животна средина и просторно планирање.

На денешната национална тркалезна маса за климатска и еколошка правда што се одржа во Клубот на пратеници, домашните институции и меѓународните партнери побараа поефикасен пристап до еколошка правда.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе