Вести Македонија

Видео/Фото: Опасна хемиска пена се излеа на булевар во Скопје, реагираа градските служби

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, односно беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина.

Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба.

Овластените инспектори на Град Скопје  излегле на терен и направиле детален увид во состојбата, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина. Станува збор за сериозно нарушување на законските прописи и директно загрозување на животната средина.

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓоргиевски најави дека Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки.

-Утре, детално ќе биде анализиран елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси. Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки. Никакво отстапување нема да биде дозволено, секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните, ќе се соочи со целосната сила на институциите, напиша Ѓоргиевски на Фејсбук. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе