Цело време сме понижувани и омаловажувани, а мојата ќерка остави сираче- девојче на кое и прославија прв роденден, еден месец пред пожарот, вели Верица Трифунова мајка на загинатата Моника Спасова. Нејзината втора ќерка успеала да се спаси од пеколот на Пулс.
Родителите велат дека водат борба со системот за да не се повторат трагедии и да не настрадаат и други, нечии деца. Пред почетокот на судењето велат дека очекуваат правда иако се скептични кон македонското судство и го повикуваат да се одважи и за Пулс да суди правилно, да ги казни виновниците.
Живееме само за да дојдеме да му оддадеме почит на гробишта, велат во исповед за КОД, Гоце и Александра Величкова, родители загинатиот Иван.
Пред почетокот на судењето очекуваат правда иако се скептични кон македонското судство и го повикуваат да се одважи и за Пулс да суди правилно, да ги казни виновниците.
Родителите на загинатите велат дека цело време и во јавноста и во истрагата се зборува дека младите жртви биле во кабаре иако најголем дел од нив биле на концерт, кој можел да биде на друго место или во спортска сала што според нив значи дека – организацијата на настанот потфрлила и довела до невидена трагедија.
Емисијата за Кочани беше објавена на 16.11.2025.
Миомир Серафиновиќ
